Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Нов протокол за семејно насилство: Обвинителството, МВР и социјалните служби ќе постапуваат координирано
    Република

    Нов протокол за семејно насилство: Обвинителството, МВР и социјалните служби ќе постапуваат координирано

    20/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Побрза реакција на институциите, подобра заштита на жртвите и поефикасно гонење на сторителите се целите на новиот протокол за постапување во случаи на семејно насилство, договорен меѓу Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи и Министерството за социјална политика, демографија и млади.

    На работен состанок во Јавното обвинителство, јавниот обвинител Ненад Савески, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски усогласиле конкретни мерки за координирано и итно постапување по секоја пријава за семејно насилство.

    Според договорениот протокол, МВР веднаш по приемот на пријава ќе го известува надлежното јавно обвинителство, по што јавниот обвинител ќе ја координира работата на тим составен од полициски инспектори и стручни лица од центрите за социјална работа.

    Во рамки на новите мерки е предвидено без одлагање да се обезбедат вештачења за евентуалните повреди, да се изврши процена на ризикот и да се приберат сите потребни докази, со цел побрзо донесување обвинителски одлуки и покренување постапки против сторителите.

    Дополнително, трите институции ќе назначат контакт-лица кои ќе бидат постојано достапни за меѓусебна комуникација и координација, а постапувањето ќе се одвива според стандардизирани процедури со јасно утврдени надлежности.

    Од институциите очекуваат дека новиот модел на соработка ќе овозможи побрзо постапување по пријавите, поефикасна заштита и згрижување на жртвите, како и поуспешно процесуирање на сторителите пред надлежните судови.

    Поврзани вести:

    Догорче од цигара предизвика пожар во ГОБ „8 Септември“, нема повредени

    Догорче од цигара предизвика пожар во ГОБ „8 Септември“, нема повредени

    Царината спречи нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол забранета за увоз

    Царината спречи нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол забранета за увоз

    Апел до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

    Апел до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

    Серафимовски денеска ќе ги соопшти мерките за проблемот со кравите во Крива Паланка

    Серафимовски денеска ќе ги соопшти мерките за проблемот со кравите во Крива Паланка

    Времето драстично се менува: Денес до 22 степени, потоа следува нагло заладување

    Времето драстично се менува: Денес до 22 степени, потоа следува нагло заладување

    Протест пред Владата поради фемицидите: Граѓаните ќе бараат одговорност од институциите

    Протест пред Владата поради фемицидите: Граѓаните ќе бараат одговорност од институциите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Догорче од цигара предизвика пожар во ГОБ „8 Септември“, нема повредени

    20/11/2026

    Царината спречи нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол забранета за увоз

    20/11/2026

    Апел до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

    20/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.