Директорот на болницата „8 Септември“ д-р Синиша Стојаноски потврди дека догорче од цигара е причина за пожарот што избувна денеска во болницата поради што веднаш била спроведена евакуација на пациентите и на медицинскиот персонал откако од прозорците почнал да излегува чад.
Командирот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Ѕвонко Томевски, изјави дека пожарот е локазиран многу бргу и нема опасност за негово понатамошно ширење. Тој додаде дека се опожарени инвалидски колички оставени на балконот од болничка соба на одделението за ортопедија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
