Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) забранила увоз на пратка јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на остатоци од пестициди над дозволените законски граници.
Станува збор за пратка со вкупна тежина од 19.350 килограми, која според одлуката на бугарските власти ќе биде вратена во Македонија.
Од БАБХ информираат дека при извршените лабораториски проверки биле утврдени нивоа на пестициди кои ги надминуваат максимално дозволените вредности, поради што производот не ги исполнувал пропишаните стандарди за безбедност на храната.
Пратката била откриена во рамки на засилените контроли што бугарската агенција ги спроведува врз увозот на свежо овошје и зеленчук.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
