Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година
    Економија

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Управата за јавни приходи (УЈП) започна анализа на паричните приливи од странство што македонските граѓани ги примиле во текот на 2021 година. Проверките се вршат врз основа на податоци доставени од банките, а дел од граѓаните веќе добиле известувања за можни неплатени даночни обврски.

    Од УЈП информираат дека примателите на средства од странство треба да проверат дали оствариле доход што подлежи на оданочување и, доколку имаат законска обврска, да постапат согласно прописите. Во спротивно, институцијата најавува дека ќе ги примени законските механизми за утврдување и наплата на данокот.

    Истовремено, од Управата потенцираат дека не секој паричен прилив од странство автоматски значи и обврска за плаќање данок. Клучно е по кој основ се примени средствата и дали тој приход е опфатен со Законот за данокот на личен доход.

    Меѓу приходите што може да подлежат на оданочување се платите и хонорарите остварени во странство, приходите од фриленс-работа и интелектуални услуги, заработката од издавање недвижности преку платформи како Airbnb и Booking.com, како и капиталните добивки од продажба на недвижен имот, криптовалути и хартии од вредност. Во оваа категорија спаѓаат и дивидендите, каматите, авторските надоместоци и добивките од игри на среќа.

    Од друга страна, подароци, семејна финансиска помош и позајмици не се сметаат автоматски за оданочив доход. Исто така, трансферите преку Western Union, Ria, MoneyGram и слични сервиси сами по себе не создаваат даночна обврска.

    „Даночниот третман зависи од вистинскиот основ на приливот и од тоа дали станува збор за доход што подлежи на оданочување согласно законските одредби“, посочуваат од УЈП.

    Поради тоа, граѓаните треба да располагаат со соодветна документација со која ќе можат да го докажат потеклото на средствата и причината за нивната исплата, особено доколку добијат известување од Управата.

    Од УЈП ги повикуваат сите што оствариле приходи од странство да проверат дали имаат обврска за пријавување. Доколку е потребно, треба да поднесат електронска пресметка за аконтација на данокот на личен доход (е-ППД) и да го уплатат утврдениот износ.

    Поврзани вести:

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Синдикалната минимална кошница за октомври достигна 70.358 денари

    Синдикалната минимална кошница за октомври достигна 70.358 денари

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    прилив странство ујп
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    21/10/2026

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.