Потребата од измени и дополнувања на Законот за народниот правобранител, со акцент на зајакнување на финансиската и функционалната независност на институцијата, ќе биде тема на денешната дебата што ќе се одржи во Собранието.
Настанот е во организација на Канцеларијата на народниот правобранител, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Канцеларијата на постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија.
Дебатата ќе ја отворат претседателот на Собранието Африм Гаши, народниот правобранител Фатон Сељами, амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Килијан Вал, евроамбасадорот Михалис Рокас и постојаната координаторка на Обединетите нации Рита Колумбија.
Во фокусот на дискусијата ќе бидат предложените законски измени насочени кон зајакнување на независноста на институцијата, обезбедување поголем плурализам и унапредување на нејзините надлежности.
По завршувањето на дебатата, народниот правобранител ќе ги презентира заклучоците и следните чекори во процесот на подготовка на измените и дополнувањата на Законот за народниот правобранител.
