Триесетгодишен маж од Скопје бил нападнат со тврд предмет во скопската општина Бутел, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според полициските информации, случајот бил пријавен во СВР Скопје синоќа околу 23:45 часот.
Во нападот, А.Ј. (30) се здобил со повреди, по што бил пренесен во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои се случил нападот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
