Државна лотарија во однос на вчера објавениот ревизорски извештај соопшти дека со целосна сериозност пристапила кон наодите и препораките на Државниот завод за ревизија и нагласи дека оддамна иницирала судски постапки за престанок на постоењето на друштвата за приредување интернет-игри на среќа.
-Постапките за „Везув“, „77 БИТС“Битола и „Моззарт“ завршија со нивно затворање по судски пат. Тоа се конкретни исходи од постапките што самоиницијативно ги покрена Државна лотарија, соопштија од таму.
Одделно, на иницијатива на Државна лотарија, затворањето на „Нова државна видео лотарија – НОВО-ВЛТ“ се реализирало по спогодбен пат, помеѓу двете друштва, а презеле и постапка за запирање на приредувањето интернет-игри на среќа преку Државна видеолотарија.
-Преземените постапки покажуваат дека актуелното раководство активно ги решава наследените состојби преку надлежните институции и со примена на законските механизми, соопшти Државна лотарија.
