Во градинките во Центар имаме доволно капацитети и одлични услови за нашите најмлади.
Но, недостасува кадар, воспитувачи, негуватели и стручни лица, објави градоначалникот Горан Герасимовски.
Тој апелираше до надлежните институции да дадат согласност за пополнување на местата на вработените што заминаа во пензија и додаде дека со колегите од ЗЕЛС, на состанокот со министерот за социјална политика, демографија и млади го истакнале овој горлив проблем со кој се соочуваат и другите општини.
Герасимовски нагласува дека тие не бараат нови работни места туку само да се пополнат местата што останале празни по пензионирање, за грижата за децата да продолжи непречено.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
