Во текот на септември во Македонија се евидентирани осум нови случаи на ХИВ/СИДА, сите кај лица од машки пол, информира Институтот за јавно здравје.
Според податоците, четворица од новозаразените се на возраст од 30 до 39 години. Останатите случаи се регистрирани кај лица од возрасните групи од 15 до 19 години, од 20 до 29 години, од 40 до 49 години и од 50 до 59 години.
Во истиот период се пријавени и два смртни случаи кај лица кои претходно биле евидентирани како пациенти со ХИВ – едниот случај бил регистриран во 2015 година, а другиот во 2018 година.
Од почетокот на евиденцијата во 1987 година до 2026 година, во Македонија кумулативно се регистрирани 778 лица со ХИВ/СИДА.
Од нив, 144 лица починале, 520 живеат со ХИВ/СИДА, додека 114 лица се водат како изгубени за следење, најчесто поради иселување.
