Кошаркарите на ТФТ Скопје ја започнаа новата сезона во АБА 2 лигата со убедлив пораз на гостувањето кај Слобода Тузла, откако домашниот тим славеше со високи 106:61.
Скопскиот состав на овој натпревар настапи со само шест кошаркари, што значително ја отежна задачата против расположениот домаќин. Слобода веднаш ја искористи кратката ротација на ТФТ и од самиот почеток наметна брзо темпо и целосна контрола на играта.
Домашните го добија првиот период со 27:12, а до полувремето предноста порасна на 54:26. И во продолжението немаше промена на односот на силите, па тузланскиот тим продолжи да ја зголемува разликата до конечни 45 поени.
Во составот на ТФТ најмногу се истакна Тома Стојаноски, кој беше најефикасен играч на тимот со 25 поени, седум скока и две украдени топки.
Григориј Ѓорѓевиќ постигна 12 поени, додека Матеј Митревски средбата ја заврши со седум поени.
