Владата и компанијата „Окта“ постигнаа договор за дополнително намалување на цената на дизел горивото, со цел да се ублажат последиците од нестабилните движења на меѓународните пазари.
Од компанијата информираа дека од денеска, па сè до 2 ноември, ќе важи попуст од два денари за литар дизел при испораките кон трговците на мало и големо.
Според „Окта“, мерката има за цел да придонесе за намалување на притисокот од промените на светските пазари на нафтени деривати и да обезбеди поповолни услови во синџирот на снабдување.
Сепак, од компанијата нагласуваат дека малопродажните цени на бензинските станици нема автоматски да бидат намалени, бидејќи секој трговец самостојно ја утврдува цената по која ќе го продава горивото на крајните потрошувачи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
