Жителите на неколку улици во Скопје денеска ќе останат без вода поради дефект на водоводната мрежа, информира ЈП „Водовод и канализација“.
Како што соопштува претпријатието, прекинот во водоснабдувањето е поради санација на дефект на шибер на улицата „Соле Стојчев“ бр. 3.
Од 9:00 часот без вода ќе бидат корисниците на улицата „Соле Стојчев“, улицата „Желево“, како и дел од улицата „Волгоградска“.
Од ЈП „Водовод и канализација“ посочуваат дека водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на интервенцијата и санацијата на дефектот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
