Седумнаесетгодишник од Скопје бил лишен од слобода по пријава дека имал полов однос со 14-годишна малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен од 45-годишната мајка на девојчето, која навела дека нејзината малолетна ќерка била во врска со 17-годишникот.
Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 15 часот го привеле момчето на подрачјето на општина Кисела Вода.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
