Триесет и шестгодишен жител на Неготино, гостиварско, е осомничен дека со закана кон вработен одзел пари од касата во спортска обложувалница во селото.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, разбојништвото се случило на 18 октомври околу 19:15 часот, кога осомничениот, според пријавеното, со закана кон вработениот одзел пари од касата.
М.Б. бил лишен од слобода во раните утрински часови на 19 октомври, околу 04:35 часот, од полициски службеници од Полициското одделение Камењане. Тој бил пронајден и приведен на паркинг кај бензинска пумпа покрај патот Тетово–Гостивар.
Осомничениот е задржан во полициска станица, а од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
За потсетување, секое лице се смета за невино сè додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.
