Група од околу 15 малолетници во скопската населба Влае нападнале и претепале тринаесетгодишно дете кое притоа се здобило со сериозни повреди, меѓу кои и искршени заби.
Нападот во полициската станица вчера го пријавила мајката на детето, а се случил ноќта на плоштадот „Делфина“. Детето ги познавало некои од насилниците, а било тепано со тврд предмет, стои во полицискиот билтен.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
