Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Кривична пријава против в.д. директорот на УХМР и седум вработени, штетата надминува 500.000 евра
    Република

    Кривична пријава против в.д. директорот на УХМР и седум вработени, штетата надминува 500.000 евра

    16/10/20265 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Вчера Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против девет физички и едно правно лице и тоа: И.Т. (53), Р.Б. (61), Н.А. (63), Ј.М. (58), А.С. (43), С.А.М. (64), С.С. (61), Л.К. (64), сите вработени во Управа за хидрометеоролошки работи Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.4 во врска со ст.1) во врска со (чл.22) „соизвршителство“ од КЗ, В.Х. (48), управител на правно лице од Битола за „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.3 во врска со ст.1) во врска со (чл.22) „соизвршителство“ од КЗ и правно лице од Скопје за „фалсификување исправа“ (член 378 ст.4 во врска со ст.1) од КЗ, соопштија од МВР.

    „И.Т. во својство на в.д. директор на УХМР, ја злоупотребил својата службена положба, со намера да овозможи противправна имотна корист за други, така што постапил спротивно на одредбите на Етичкиот кодекс на Светска метереолошка организација, на кои се обврзал со договор од 2023 година. Тој, иако знаел дека се правно нецелосни и процедурално неисправни, донел две посебни одлуки за набавка во различен период за ист настан. Притоа и покрај фактот што однапред имал добиено спецификација за потребни количини на услуги за вкупните потреби и обемот на настанот, постапката ја спровел врз основа на изменета спецификација по единечна количина. Дополнително, без претходно изготвен и потпишан записник од отворање на понудите и извештај од спроведена постапка, го прифатил предлогот за избор од Комисијата врз основа на „најниска цена“. Воедно, истиот бил должен да увиди дека постапката не е спроведена согласно Етичкиот кодекс на СМО, дека понудувачите не ги исполнуваат условите, како и дека за сите ставки од техничката спецификација нема понудено цени, а критериум за избор бил „најниска цена“, донел Одлука за избор на најповолен понудувач и во име на УХМР Скопје со правното лице од Скопје склучил договор за набавка на услуги, со што му овозможил на правното лице да се стекне со противправна имотна корист од вкупно 29.244.786 денари. Исто така, донел и втора одлука за избор на најповолен понудувач и во име на УХМР Скопје со правното лице од Битола склучил договор за набавка за печатење промотивен работен материјал и ситен инвентар, со што овозможил правното лице да се стекне со противправна имотна корист од вкупно 782.050 денари.

    Р.Б. – претседател на комисија, Н.А. и Ј.М.- членови на Комисија за спроведување на набавка, во текот на 2023 година постапиле спротивно на одредбите на Етичкиот кодекс на СМО и спротивно на условите и критериумите утврдени во документацијата за набавка. Тие иако знаеле и биле свесни дека понудата на правното лице од Скопје е задоцнета и не ги исполнува условите и критериумите во документацијата за набавка, како и дека понудата на правното лице од Битола е технички неисправна, спротивно на фактичката состојба, без да изготват и потпишат записник и извештај од спроведена постапка, преку формален записник од состанок на комисија дале предлог за избор на најповолна понуда врз основа на цената, иако за сите ставки од техничката спецификација економскиот оператор не понудил цена и не може да се одбере најниска понуда без целосно пополнета техничка спецификација.

    А.С. – изготвувач на одлука за набавка и С.А.М. и С.С.- одобрувачи на набавка, иако знаеле дека одлуката правно е нецелосна и процедурално неисправна, изготвиле и своерачно потпишале одлука за набавка. Исто така, А.С. изготвила, а С.А.М. и С.С. контролирале и ставиле своерачни потписи и пуштиле во реализација фактура која нема прилог – докази и содржи измислени кофициенти, со што извршиле свесна верификација на невистинити финансиски податоци и овозможиле неоснована исплата.

    Л.К. – контролор од Секторот за финансии, контролирала и ставила своерачен потпис и пуштила во реализација фактура која нема прилог – докази и содржи измислени кофициенти, не е согласно понудата од техничката спецификација, пропуштајќи да изврши задолжителна суштинска и претходна финансиска контрола на доказите. Со ова дејствије, истата извршила свесна верификација на невистинити финансиски податоци и свесно пуштила во реализација и ликвидација финансиска фактура и овозможила неоснована исплата.

    В.Х. – управител и одговорно лице во правното лице од Битола, во име и за сметка на истото, спротивно на императивните услови утврдени во документацијата за поднесување понуда, доставил понуда која уште во самиот старт е формално и технички неисправна, со цел да се остави простор за последователни манипулации со содржината, а со што понудата го губи легитимитетот на официјален и правно обврзувачки документ за целата содржина. С.С. (починат), во критичниот период управител и одговорно лице во правното лице од Скопје до УХМР во име на правното лице доставувал фактури кои содржеле невистинита содржина и не одговарале на понудените цени во техничката спецификација и обемот на услугите кои биле извршени.

    Со горенаведените дејствија И.Т., Р.Б., Н.А., Ј.М., А.С., С.А.М., С.С. и Л.К. постапиле спротивно на Етичкиот кодекс на СМО и овозможиле противправна имотна корист од 29.244.786 денари (475.000 евра) на правното лице од Скопје и противправна имотна корист од 782.050 денари (12.715 евра) на правното лице од Битола“, соопштија од МВР.

    Поврзани вести:

    „Испрани“ речиси 7 милиони денари преку скопска станица за технички преглед на возила

    „Испрани“ речиси 7 милиони денари преку скопска станица за технички преглед на возила

    Мицкоски: Дипломатската штета падна врз Бугарија, наш приоритет е екстрадицијата на Ива Михаилова и нејзиниот татко

    Мицкоски: Дипломатската штета падна врз Бугарија, наш приоритет е екстрадицијата на Ива Михаилова и нејзиниот татко

    Македонија се сеќава на Тоше Проески – 19 години од прераната загуба на музичката легенда

    Македонија се сеќава на Тоше Проески – 19 години од прераната загуба на музичката легенда

    Денеска дожд, ветер и снег на планините – од викендот следува стабилизација на времето

    Денеска дожд, ветер и снег на планините – од викендот следува стабилизација на времето

    Слаб земјотрес кај Охридското Езеро, регистриран потрес од 2 степени

    Слаб земјотрес кај Охридското Езеро, регистриран потрес од 2 степени

    Речиси 25.000 граѓани пријавени за вакцинација против сезонски грип, првите дози пристигнуваат

    Речиси 25.000 граѓани пријавени за вакцинација против сезонски грип, првите дози пристигнуваат

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    „Испрани“ речиси 7 милиони денари преку скопска станица за технички преглед на возила

    16/10/2026

    Мицкоски: Дипломатската штета падна врз Бугарија, наш приоритет е екстрадицијата на Ива Михаилова и нејзиниот татко

    16/10/2026

    Македонија се сеќава на Тоше Проески – 19 години од прераната загуба на музичката легенда

    16/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.