Цената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а Владата ќе се бори таа да остане иста и од 1 јануари – изјави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски.
Тој истакна дека приоритет на оваа влада е да ја одржи енергетската стабилност во услови на најголемата светска енергетска криза.
Премиерот додаде дека АД ЕСМ не е единствена којшто бара нивелирање на цени, тука и операторот и дистрибутерот, односно приватна компанија ЕВН.
– Од 1 јануари да почекаме што ќе кажат енергетските компании, па ќе видиме. Јас не можам да ја прејудицирам одлуката на Регулаторната комисија – рече премиерот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
