Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и ќе поведе и дисциплинска постапка.
Пријавениот, вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти при МВР, во два наврати и покрај тоа што не дарувал крв на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје употребил две лажни потврди за дарување на крв за што изготвил две барања за користење платено отсуство од три работни денови по што ги искористил.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
