Американската војска има подготвени планови за евентуални напади врз иранската енергетска инфраструктура и нуклеарните постројки доколку претседателот Доналд Трамп даде наредба за продолжување на конфликтот, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на неименувани американски претставници.
Според информациите, меѓу опциите што се разгледуваат е и употребата на ГБУ-43/Б, најмоќната ненуклеарна бомба во американскиот арсенал, позната како „Мајката на сите бомби“.
Нејзината евентуална употреба би претставувала значителна ескалација на конфликтот, а во американските воени кругови, според истиот извор, постојат различни ставови околу тоа колку таков потег би бил ефикасен во исполнувањето на стратешките цели на Вашингтон.
Засега нема официјална потврда дека е донесена одлука за изведување на вакви напади, а информациите се однесуваат на воени сценарија кои, според Си-ен-ен, се разгледуваат во случај на натамошна ескалација.
