Жителите на дел од скопската општина Центар денеска ќе останат без вода поради зафати на водоводната мрежа.
Од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје информираат дека, според известувањето од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради поврзување на старата со новата водоводна мрежа.
Без водоснабдување ќе бидат корисниците на улицата „Мирослав Крлежа“, на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Орце Николов“.
Прекинот на водоснабдувањето започна во 8:30 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
