Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Ливерпул со спектакуларни шест гола го декласира ЛАСК во Лигата на шампионите
    Спорт

    Ливерпул со спектакуларни шест гола го декласира ЛАСК во Лигата на шампионите

    14/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Фудбалски спектакл со девет погодоци понудија ЛАСК и Ливерпул во вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите, а англискиот гигант на крајот славеше убедлива победа од 6-3.

    Ливерпул уште во првото полувреме ја покажа разликата во квалитет и на пауза замина со предност од три гола. Главна фигура на мечот беше Бредли Баркола, кој постигна хет-трик и беше нерешлива енигма за одбраната на австрискиот тим.

    Гостите поведоа во 22. минута преку Роналд Араухо, кој со глава реализираше по корнерот изведен од Костас Цимикас. Само две минути подоцна Баркола зголеми на 2-0 по одлична акција на Ливерпул.

    Францускиот напаѓач повторно ја затресе мрежата во 37. минута, овојпат по асистенција од Флоријан Вирц, за убедливи 3-0 пред одморот.

    На стартот од вториот дел Џереми Фримпонг со удар со глава погоди за 4-0, но ЛАСК успеа да одговори преку Доминик Љубичиќ во 63. минута.

    Сепак, Баркола не дозволи неизвесност и само три минути подоцна го комплетираше својот прв хет-трик во кариерата. Луис Кумас во 72. минута додаде уште еден погодок за Ливерпул, но домаќините во финишот постигнаа два гола преку Флоријан Флекер за конечни 6-3.

    Во вториот натпревар, Феенорд стигна до првата победа во сезоната во Лигата на шампионите, откако на домашен терен го совлада Комо со 3-1.

    Италијанскиот тим прв дојде до предност преку Асане Диао во 18. минута, но само две минути подоцна Гиваи Зехиел израмни и го врати холандскиот состав во игра.

    Феенорд направи целосен пресврт во 52. минута со голот на Анис Хаџ Муса, а во продолжението успеа да ја потврди победата. Комо во завршницата постигна уште еден погодок преку Дувикас, но тоа беше доволно само за ублажување на поразот.

    Поврзани вести:

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    Дмитро Хорига доби дозвола да игра за Македонија, прв натурализиран репрезентативец во ерата на Лазаров

    Дмитро Хорига доби дозвола да игра за Македонија, прв натурализиран репрезентативец во ерата на Лазаров

    Вардар остана без главна рунда во Лигата на шампионите по нов пораз од Висла Плоцк

    Вардар остана без главна рунда во Лигата на шампионите по нов пораз од Висла Плоцк

    МЗТ испушти голем пресврт и загуби од Тарту во драматична завршница

    МЗТ испушти голем пресврт и загуби од Тарту во драматична завршница

    Спектакл во Лигата на шампионите: Атлетико го сруши Јунајтед, Барселона блескаше во Истанбул

    Спектакл во Лигата на шампионите: Атлетико го сруши Јунајтед, Барселона блескаше во Истанбул

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    15/10/2026

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    15/10/2026

    Дмитро Хорига доби дозвола да игра за Македонија, прв натурализиран репрезентативец во ерата на Лазаров

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.