Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Блокирана седницата на Советот во Тетово, спорни два проекти преку јавно-приватно партнерство
    Република

    Блокирана седницата на Советот во Тетово, спорни два проекти преку јавно-приватно партнерство

    14/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Седницата на Советот на Општина Тетово денеска беше прекината по остар судир меѓу советниците од власта и опозицијата околу две точки од дневниот ред поврзани со проекти планирани преку јавно-приватно партнерство.

    Опозициските советници побараа од дневниот ред да бидат повлечени седмата и осмата точка, тврдејќи дека со предложените проекти се доведува во прашање јавниот имот и интересите на граѓаните.

    Од опозицијата нагласија дека не се против развојот и инвестициите во Тетово, но се спротивставуваат на начинот на кој се предлага нивната реализација. Тие најавија дека ќе ја блокираат седницата сè додека спорните точки не бидат отстранети.

    „Не сме против инвестициите во Тетово, но сме против начинот на кој се прават овие работи. Денес ќе останеме тука и ќе ја блокираме седницата“, изјави советникот Берат Мурати.

    Советниците од опозицијата посочија дека еден од проектите, кој се однесува на изградба на објект за противпожарната служба, според нив, е дел од серија одлуки на актуелното општинско раководство за кои сметаат дека се штетни за градот.

    „Станува збор за приватизација и сериозни прашања околу студијата за изводливост. Не може ваков документ да биде основа за одлуки со толку големо значење“, рече советникот Агрон Арифи.

    Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, оцени дека точките треба да останат на дневниот ред и дека за нив треба да се разговара преку аргументирана дебата.

    Касами порача дека општината е отворена за предлози и алтернативни решенија, додавајќи дека доколку се понуди подобра стручна анализа, таа ќе биде разгледана.

    „Немаме ништо да криеме. Дебатата може да трае еден ден, една недела или еден месец, но важно е да имаме квалитетни решенија за Општина Тетово“, изјави Касами.

    По повеќечасовна расправа, седницата продолжи до разгледување на седмата точка, по што беше прекината и најавено е продолжение во следните денови.

    И власта и опозицијата се согласија дека за предложените проекти е потребна дополнителна дебата и повеќе информации пред да се донесе конечна одлука.

    Поврзани вести:

    АХВ заплени два тони небезбедна храна на пазарот во Ченто

    АХВ заплени два тони небезбедна храна на пазарот во Ченто

    Од западнонилска треска почина уште еден пациент, 11-та жртва досега

    Од западнонилска треска почина уште еден пациент, 11-та жртва досега

    Пристигнаа вакцините против сезонски грип, апликацијата за пријавување сè уште не работи

    Пристигнаа вакцините против сезонски грип, апликацијата за пријавување сè уште не работи

    Под седиште скрил 595 сребрени прстени, цариниците на Блаце запленија вреден накит

    Под седиште скрил 595 сребрени прстени, цариниците на Блаце запленија вреден накит

    Концерт во Ново Лисиче во петок во чест на Тоше Проески

    Концерт во Ново Лисиче во петок во чест на Тоше Проески

    Тројца адвокати во трка за член на Судскиот совет што го избира Собранието

    Тројца адвокати во трка за член на Судскиот совет што го избира Собранието

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    АХВ заплени два тони небезбедна храна на пазарот во Ченто

    14/10/2026

    Од западнонилска треска почина уште еден пациент, 11-та жртва досега

    14/10/2026

    Пристигнаа вакцините против сезонски грип, апликацијата за пријавување сè уште не работи

    14/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.