Во петок, на 19-годишнината од трагичната смрт на популарниот македонски пејач Тоше Проески, под мотото „Тоше те сакаме сите“ во Ново Лисиче, Општина Аеродром, на улицата што го носи неговото име од 16 часот ќе се одржи концерт во негова чест.
Музичката програма ќе ја изведат хорот и оркестарот на ООУ „Лазо Ангеловски“, заедно со познати музички имиња и млади таленти, кои преку песните ќе му оддадат почит на Тоше.
Меѓу најавените изведувачи се групите Next Time и The Crew, како и Ламбе Алабаковски и многу други.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
