На повеќе од 50 локации во сите скопски општини, денеска, продолжи масовната акција за чистење на Скопје во која се вклучија општините, градоначалниците, учениците и граѓаните и се чистеа паркови, улици, пешачки патеки, јавни површини и простори меѓу зградите.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека ваквите активности ќе се организираат двапати месечно и ги повика граѓаните да се приклучат во ваквите акции, секој во своето маало и така да дадат свој придонес за почиста животна средина.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
