Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе ги интервјуира кандидатите кои ги исполнуваат условите за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија, кој го избира Собранието.
На јавниот оглас се пријавиле четворица кандидати, но по проверката на доставената документација утврдено е дека тројца ги исполнуваат потребните услови.
Пред членовите на Комисијата ќе се претстават Емилија Алексовска, адвокат од Куманово, Џоко Диков, адвокат од Струмица, и Фадил Џелили, адвокат од Гостивар.
Изборот се спроведува по претходно објавен јавен оглас, откако минатиот оглас за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието беше поништен.
По завршувањето на интервјуата и спроведувањето на постапката, Собранието треба да одлучи кој кандидат ќе биде избран за член на Судскиот совет.
