Двајца скопјани се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир по физичка пресметка пред ноќен клуб во скопската општина Центар.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен денеска во 4:30 часот во СВР Скопје. Во пресметката учествувале 29-годишниот А.Т. и 20-годишната И.С., двајцата од Скопје.
Според полициските информации, при постапувањето на полициските службеници, И.С. се однесувала агресивно и кон нив додека ги преземале службените дејствија.
Од МВР велат дека по целосното документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
