Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Јотова за случајот со Ива Михајлова: Не знам како ја напуштила Македонија, има многу нејаснотии
    Свет

    Јотова за случајот со Ива Михајлова: Не знам како ја напуштила Македонија, има многу нејаснотии

    12/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Бугарската претседателка Илијана Јотова изјави дека дури утрово дознала оти Ива Михајлова се наоѓа во Бугарија, додавајќи дека засега нема информации под кои околности обвинетата во Македонија ја напуштила земјата.

    „Разбрав дека таа веќе е во Бугарија откако излегов од телевизиско студио на БТВ. Претпоставувам дека сега ќе биде прегледана во ‘Пирогов’. Ќе почекаме да видиме каков ќе биде заклучокот на бугарските специјалисти. За жал, во овој момент не можам да дадам повеќе информации“, изјави Јотова.

    Одговарајќи на прашањето дали знае како Михајлова успеала да ја напушти Македонија, особено по информациите од македонското МВР дека во системот за гранична контрола нема евидентиран нејзин излез од државата, бугарската претседателка посочи дека случајот сè уште има многу непознати детали.

    „Ќе видиме. Сè уште има многу нејасни околности. Мислам дека надлежните органи во Бугарија прво треба да дадат изјава“, рече Јотова.

    Таа додаде дека е подготвена лично да се сретне со Михајлова откако нејзината здравствена состојба ќе дозволи, оценувајќи дека нејзиното пристигнување во Бугарија не претставува безбедносен ризик.

    Ива Михајлова од Кочани е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, а против неа се води судска постапка пред надлежниот суд во Кочани. Во рамки на постапката, според претходни информации, ѝ биле одземени личните документи како мерка на претпазливост.

    Случајот предизвика дополнителни реакции откако бугарски претставници објавија дека Михајлова пристигнала во Бугарија на лекување, додека македонските институции соопштија дека немаат официјална евиденција за нејзино излегување од државата.

    Од МВР дополнително информираа дека извршените проверки во системот за гранична контрола покажале дека за лицето нема регистриран излез од територијата на Македонија.

    Поврзани вести:

    Нетанјаху бара кривично гонење на учесниците во документарецот „НАЗА“

    Нетанјаху бара кривично гонење на учесниците во документарецот „НАЗА“

    Црна Гора со нов исчекор кон ЕУ: Денеска затвора три преговарачки поглавја

    Црна Гора со нов исчекор кон ЕУ: Денеска затвора три преговарачки поглавја

    Хутите ги засилија нападите врз Саудиска Арабија, погодени аеродроми во Ријад и Дамам

    Хутите ги засилија нападите врз Саудиска Арабија, погодени аеродроми во Ријад и Дамам

    Словенците гласаа против клучните законски измени на обврзувачкиот референдум

    Словенците гласаа против клучните законски измени на обврзувачкиот референдум

    Папата Лав XIV ќе оди на операција на белите дробови, лекарите откриле јазолче во рана фаза

    Папата Лав XIV ќе оди на операција на белите дробови, лекарите откриле јазолче во рана фаза

    Поплави во Непал: Надојдена вода однесе десетици куќи и мостови, жителите евакуирани

    Поплави во Непал: Надојдена вода однесе десетици куќи и мостови, жителите евакуирани

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Нетанјаху бара кривично гонење на учесниците во документарецот „НАЗА“

    12/10/2026

    Црна Гора со нов исчекор кон ЕУ: Денеска затвора три преговарачки поглавја

    12/10/2026

    Хутите ги засилија нападите врз Саудиска Арабија, погодени аеродроми во Ријад и Дамам

    12/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.