Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Папата Лав XIV ќе оди на операција на белите дробови, лекарите откриле јазолче во рана фаза
    Свет

    Папата Лав XIV ќе оди на операција на белите дробови, лекарите откриле јазолче во рана фаза

    11/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Папата Лав XIV соопшти дека во наредните денови ќе биде подложен на хируршка интервенција на белите дробови, откако лекарите при неодамнешен преглед откриле мало јазолче во рана фаза.

    Веста ја објави по традиционалната неделна молитва, посочувајќи дека операцијата е препорачана од медицинскиот тим по направените испитувања.

    Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, изјави дека интервенцијата е закажана за првите денови од следната недела, а се очекува закрепнувањето да трае околу една недела. Засега не е соопштено во која болница ќе биде извршен зафатот, иако се претпоставува дека тоа ќе биде римската клиника „Џемели“, каде што се наоѓа специјален папски апартман.

    Папата Лав XIV има 71 година и беше избран за поглавар на Римокатоличката црква минатата година, по смртта на папата Франциск.

    Досега не беше познато дека има здравствени проблеми, а во изминатиот период реализираше повеќе меѓународни посети. За ноември е планирана негова турнеја во Уругвај, Аргентина и Перу, но сè уште не е познато дали операцијата ќе влијае врз нејзината реализација.

    Пред да ја соопшти веста за операцијата, папата ја предводеше неделната молитва и се сретна со членовите на религиозното здружение „Братство на Господарот на чудата“, при што им се заблагодари за нивните молитви и ја спомена претстојната посета на Перу.

    По објавата, италијанската премиерка Џорџа Мелони му испрати порака со поддршка во име на Владата и лично, истакнувајќи дека неговата смиреност и ведрина претставуваат охрабрување за верниците.

    Поврзани вести:

    Поплави во Непал: Надојдена вода однесе десетици куќи и мостови, жителите евакуирани

    Поплави во Непал: Надојдена вода однесе десетици куќи и мостови, жителите евакуирани

    Американските сили погодиле товарен брод во Оманскиот Залив по обид за пробивање на блокадата кон Иран

    Американските сили погодиле товарен брод во Оманскиот Залив по обид за пробивање на блокадата кон Иран

    Научници предупредуваат: Ледниците на Хималаите се закана за милиони луѓе

    Научници предупредуваат: Ледниците на Хималаите се закана за милиони луѓе

    Трамп: Време е Украина да добие нов претседател

    Трамп: Време е Украина да добие нов претседател

    Најмалку 12 загинати во руски напад врз Запорожје, меѓу жртвите и три деца

    Најмалку 12 загинати во руски напад врз Запорожје, меѓу жртвите и три деца

    Силен земјотрес од 7,7 степени ја потресе Панама, оштетени згради и патишта

    Силен земјотрес од 7,7 степени ја потресе Панама, оштетени згради и патишта

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Поплави во Непал: Надојдена вода однесе десетици куќи и мостови, жителите евакуирани

    11/10/2026

    Американските сили погодиле товарен брод во Оманскиот Залив по обид за пробивање на блокадата кон Иран

    11/10/2026

    Научници предупредуваат: Ледниците на Хималаите се закана за милиони луѓе

    11/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.