Двајца жители на струмичко се лишени од слобода во одвоени случаи на семејно насилство и агресивно однесување, информира Министерството за внатрешни работи.
Во првиот случај, ноќеска околу 01:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица привеле 50-годишен жител на струмичко село, откако било пријавено дека агресивно се однесувал кон својата снаа, сопруга на неговиот син.
За случајот е известен јавен обвинител, а по неговото целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Само десет минути подоцна, во друго струмичко село, полицијата привела 38-годишен маж по пријава дека агресивно се однесувал кон својата 28-годишна сопруга.
Осомничениот бил задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител.
Од МВР информираат дека и за овој случај, по целосното документирање, ќе следува соодветна пријава.
