Трагична несреќа се случила во водите на Охридското Езеро, каде животот го загубил 57-годишен охриѓанец откако кануто со кое управувал се превртело на околу 200 метри од брегот.
Од полицијата информираат дека случајот бил пријавен на 10 октомври 2026 година во 18:30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. Несреќата се случила во близина на месноста „Извиднички“, каде што се превртело кануто управувано од А.Н. (57) од Охрид.
По добиената пријава, веднаш биле испратени полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош. Лекарската екипа на местото на настанот констатирала смрт кај мажот.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Со обдукцијата треба да се утврдат точните причини за смртта и дополнителните околности под кои се случила несреќата.
