Денес пристигна првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка на контејнери во историјата на Скопје и нивното распоредување низ градот започнува уште денес, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека се заменуваат скршените и дотраени контејнери, се зголемува нивниот број и се обезбедуваат повеќе места за правилно одлагање на отпадот.
Набавката е по двојно пониска цена од претходните, а дополнително се обезбедни и 60 контејнери за селекција на стакло, објави Ѓорѓиевси и нагласи дека заедно со новите камиони се создаваат услови за побрзо и поефикасно собирање на сметот и почисти населби низ цело Скопје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
