Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»ТФТ го доби скопското дерби, Скопје се закани со пресврт во финишот
    Спорт

    ТФТ го доби скопското дерби, Скопје се закани со пресврт во финишот

    08/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Кошаркарите на ТФТ го добија скопското дерби против Скопје, совладувајќи го вицешампионот со 102-98 во натпревар во кој домашниот состав имаше контрола во најголемиот дел од средбата, но во финишот мораше сериозно да се помачи за победата.

    ТФТ одлично го започна дуелот и уште во првата четвртина направи двоцифрена предност од 30-18. Скопје се обиде да го промени текот на натпреварот и во вториот период ја намали негативата, но домаќините повторно одговорија и на паузата заминаа со водство од 52-41.

    Тимот од Тафталиџе продолжи во ист ритам и во третата четвртина, кога стигна и до највисоките 17 поени предност при резултат 64-47. Сепак, гостите не се предадоа и со подобра игра успеаја да ја намалат разликата на 74-63 пред последниот период.

    Во завршните десет минути Скопје започна со силен налет и постепено ја топеше предноста на ТФТ. Гостите во еден момент се доближија на само два поени негатива, 92-90, но немаа сили за целосен пресврт. ТФТ ги одигра клучните моменти посигурно и на крајот ја зачува победата.

    Ѓорѓи Цветковски беше најефикасен во редовите на ТФТ со 24 поени, Вајт оствари дабл-дабл, додека Николов придонесе со 10 поени. На спротивната страна, Паркер одигра одличен натпревар со 31 поен и 12 скока, но неговиот учинок не беше доволен за победа на Скопје.

    За вицешампионот ова е втор пораз во новата сезона, откако претходно загуби и од Кожуф.

    Поврзани вести:

    Вардар без бод и по третото коло во Лигата на шампиони, Висла славеше во Скопје

    Вардар без бод и по третото коло во Лигата на шампиони, Висла славеше во Скопје

    Работнички Скопје го освои првиот Суперкуп на Македонија во историјата

    Работнички Скопје го освои првиот Суперкуп на Македонија во историјата

    Гвардиола се враќа на „Етихад“ за да му даде поддршка на Манчестер Сити

    Гвардиола се враќа на „Етихад“ за да му даде поддршка на Манчестер Сити

    Роналдо се јави со коментар на последната објава на Меси, неговата реакција ги изненади сите

    Роналдо се јави со коментар на последната објава на Меси, неговата реакција ги изненади сите

    Димитријевиќ блесна за Арис со 21 поен и седум асистенции во Еврокупот

    Димитријевиќ блесна за Арис со 21 поен и седум асистенции во Еврокупот

    Арсенал го продолжи договорот со Артета до 2030 година

    Арсенал го продолжи договорот со Артета до 2030 година

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Вардар без бод и по третото коло во Лигата на шампиони, Висла славеше во Скопје

    08/10/2026

    Работнички Скопје го освои првиот Суперкуп на Македонија во историјата

    07/10/2026

    Гвардиола се враќа на „Етихад“ за да му даде поддршка на Манчестер Сити

    07/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.