Во сите наши односи со сите наши соседи и сите земји-членки на Европската Унија, секогаш ќе се водиме од принципите на добра волја и почитување на меѓународно јавно право, изјави во Софија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
-Ние сме земја која, судејќи според досегашните резултати, се докажа како одличен кандидат. Се надеваме дека ќе бидеме оценети врз основа на ова и се надеваме дека условите ќе бидат такви што ќе бидеме одличен кандидат кога Европската Унија ќе биде подготвена да донесе она што во крајна линија е политичка одлука. Проширувањето е и отсекогаш било политичка одлука, донесена од земјите-членки со консензус. Ние ќе го направиме својот дел. Ќе бидеме одговорни. Ќе бидеме проактивни во наоѓањето решенија за проблемите, но решението никогаш не зависи целосно од нашата земја“, рече и Муцунски кој по министерската конференција на билатерална средба со бугарската колешка Велислава Петрова -Чамова ќе разговара за откочување на евроинтегративниот процес на Македонија кон Европската Унија.
Министерката претходно нагласи дека Бугарија има многу јасен став по тоа прашање и се надева дека од македонска страна ќе чуе желба за напредок.
