Трагичен настан ја потресе областа Курбин во Албанија, каде што тригодишно девојче го загубило животот откако било случајно прегазено од земјоделско возило управувано од нејзиниот татко.
Несреќата се случила вечерва околу 19:50 часот во селото Малбард, во Курбин. Според првичните информации од полицијата, 45-годишниот Б.А. управувал со земјоделското возило и маневрирал во дворот на семејниот дом, при што дошло до несреќниот удар.
Детето се здобило со тешки повреди и починало на местото на настанот.
По пријавувањето на случајот, полициски екипи и истражители веднаш пристигнале на терен. Под раководство на надлежното Обвинителство се преземаат активности за утврдување на сите околности што довеле до оваа тешка семејна трагедија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
