Кристијано Роналдо му упати емотивна порака на Лионел Меси по последниот настап на аргентинскиот капитен во националниот дрес, покажувајќи уште еднаш голема почит кон својот долгогодишен ривал.
Меси по прошталниот натпревар на „Монументал“ во Буенос Аирес се огласи на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им се на навивачите и на сите кои биле дел од неговото патување со аргентинската репрезентација.
Неговата објава привлече големо внимание, а меѓу реакциите се најде и онаа на Роналдо, со кого повеќе од една деценија ја одбележаа светската фудбалска сцена.
Португалецот, иако во моментов се соочува со неизвесност околу својата иднина во националниот тим, не пропушти да му оддаде признание на Аргентинецот за достигнувањата со својата земја.
„Лео, толку многу години ја бранеше твојата земја и остави наследство кое ќе трае вечно. Имаш огромна почит од мене за тоа што го постигна со Аргентина. Ти испраќам прегратка“, порача Роналдо.
Меси со Аргентина освои историски трофеи и остави длабока трага во репрезентативниот фудбал, а неговото заминување од националниот дрес беше одбележано со голема емоција пред домашната публика.
