Сообраќајот на мостот „Близнак“ во Скопје утре привремено ќе биде во прекин во времетраење од два часа поради санација на оштетената заштитна ограда.
Од ЈП „Улици и патишта“ Скопје информираат дека градежните активности ќе се изведуваат на делницата од крстосницата со улицата „Индустриска“ до крстосницата со булеварот „АСНОМ“.
За време на изведбата на работите, привремено ќе бидат затворени двете коловозни ленти, поради што сообраќајот ќе биде целосно во прекин на овој потег.
Од претпријатието посочуваат дека местото на изведување на работите ќе биде соодветно обезбедено и обележано со сообраќајна сигнализација, а до возачите апелираат да ја почитуваат поставената сигнализација и да користат алтернативни сообраќајни правци.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
