Тетовец пријавил случај на вознемирување на неговата малолетна ќерка, по што полицијата привела едно лице.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 5 октомври 2026 година во 18:35 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Р.(45) од Тетово, по претходна пријава поднесена од 52-годишен жител на градот.
Според пријавата, лицето било посочено дека на 30 септември ја вознемирувало малолетната ќерка на пријавителот.
Од полицијата велат дека случајот се документира, а по завршување на целосната постапка ќе биде поднесена соодветна пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
