Непознат сторител ги пресекол гумите на службените возила на Центарот за социјални работи Тетово откако вчера службениците добија наредба да извршат контрола на терен на корисниците на социјалните пензии во овој град.
Настанот во СВР Тетово е пријавен вчера утро, а кога се вратени снимките од камерите, немало струја за да се види кој ги оштетил возилата.
Вчера премиерот Христијан Мицкоски изјави дека се откриени над 4.500 „лажни корисници“ на гарантирана минимална помош и социјална сигурност меѓу кои има и починати лица, иселени граѓани и фиктривни корисници и најави дека контролите ќе продолжат.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
