Хутите извршија напади врз два аеродрома на југот на Саудиска Арабија, при што се повредени три лица. Погодени се аеродромите во Џазан и Наџран, а нападите предизвикале и материјална штета. Хутите ја презедоа одговорноста и соопштија дека операциите против цели во Саудиска Арабија ќе продолжат.
Групата истовремено ги предупреди меѓународните авиокомпании да го прекинат користењето на саудискиот воздушен простор.
Од предупредувањето се изземени летовите над Мека и Медина. Новите напади доаѓаат во период на зголемени тензии и засилени воени активности на Хутите против Саудиска Арабија.
Ријад во изминатиот период ги засили мерките за заштита на критичната инфраструктура и воздушниот простор.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
