Денеска нè очекува сончево и релативно топло време, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со слаб ветер од јужен правец.
Минималните температури ќе се движат од -3 до 6 степени Целзиусови, додека максималната дневна температура ќе достигне од 22 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло, со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе изнесува околу 3 степени, а максималната дневна ќе достигне до 26 степени.
Според најавите на УХМР, стабилното време ќе се задржи до четврток, со сончеви периоди и променлива облачност во текот на денот.
Промена на временските услови се очекува од петок, кога ќе има зголемена облачност и услови за врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на викендот.
