Жителите на дел од скопската општина Карпош денеска ќе останат без водоснабдување поради интервенција на водоводната мрежа.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот е поради промена на затворач со профил ф-100 милиметри на улицата „Миладин Поповиќ“ бр. 15.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата „Миладин Поповиќ“, како и дел од жителите на улиците „Орце Николов“, булевар „Илинден“, „Никола Тесла“ и „Мирка Гинова“ во населбата Карпош 1.
Прекинот започнува од 10:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности, информираат од претпријатието.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
