Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»„Форбс“ објави нова листа: Еве кои се 10-те најбогати луѓе во светот
    Свет

    „Форбс“ објави нова листа: Еве кои се 10-те најбогати луѓе во светот

    06/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Џеф Безос повторно се искачи на второто место на листата на најбогатите луѓе во светот, покажува најновото рангирање на „Форбс“, кое донесе промени кај седум од десетте милијардери во светскиот врв.

    Основачот на „Амазон“ во изминатиот месец го зголемил своето богатство за околу 102 милијарди долари, достигнувајќи проценети 370 милијарди долари. Најголем придонес за растот имаат новите проценки на вредноста на неговата вселенска компанија „Blue Origin“ и стартапот за индустриска вештачка интелигенција „Prometheus“.

    Со тоа, Безос за првпат од мај 2025 година повторно е втор најбогат човек во светот, пред Лери Пејџ, чие богатство е проценето на околу 286 милијарди долари.

    На четвртата позиција се наоѓа Мајкл Дел со богатство од 268 милијарди долари, откако акциите на „Dell Technologies“ значително пораснаа поради зголемената побарувачка за сервери наменети за вештачка интелигенција.

    Петтото место му припаѓа на Сергеј Брин со 263 милијарди долари, додека Марк Закерберг останува шести со богатство од 251 милијарда долари, поттикнато од растот на акциите на „Мета“.

    На самиот врв и понатаму е Илон Маск, чие богатство се проценува на 936 милијарди долари. Само во текот на последниот месец тој станал побогат за околу 44 милијарди долари, главно благодарение на растот на вредноста на „SpaceX“.

    Во топ 10 повторно се врати Ворен Бафет, додека од листата испадна шпанскиот моден магнат Амансио Ортега поради намалување на неговото богатство.

    „Форбс“ пресметува дека вкупното богатство на десетте најбогати луѓе во светот достигнало 3,1 трилиони долари, што е раст во однос на претходниот месец, кога изнесувало 2,8 трилиони долари.

    Топ 10 најбогати луѓе во светот:

    Илон Маск
    Џеф Безос
    Лери Пејџ
    Мајкл Дел
    Сергеј Брин
    Марк Закерберг
    Џенсен Хуанг
    Лери Елисон
    Стив Балмер
    Ворен Бафет

    Сите десетмина на листата се американски државјани, а шестмина од нив располагаат со богатство поголемо од 200 милијарди долари.

    Поврзани вести:

    (Видео) Протестот пред парламентот на Косово прерасна во судири, полицијата употреби солзавец

    (Видео) Протестот пред парламентот на Косово прерасна во судири, полицијата употреби солзавец

    Москва тврди дека била нападната со 650 дронови, 105 соборени пред градот

    Москва тврди дека била нападната со 650 дронови, 105 соборени пред градот

    Ќе умреме оваа есен, илјадници жители на украинскиот град Олешки останаа без храна, вода и лекови

    Ќе умреме оваа есен, илјадници жители на украинскиот град Олешки останаа без храна, вода и лекови

    САД бележат најтешка епидемија на морбили во повеќе од 30 години, Пенсилванија е најголемото жариште

    САД бележат најтешка епидемија на морбили во повеќе од 30 години, Пенсилванија е најголемото жариште

    СЗО: Низок ризик за населението по мистериозната смрт на работничка во руски институт за чума

    СЗО: Низок ризик за населението по мистериозната смрт на работничка во руски институт за чума

    Тинејџер останал без дланка во судирите на ученичките протести со полицијата во Франција

    Тинејџер останал без дланка во судирите на ученичките протести со полицијата во Франција

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    безос маск најбогати форбс
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    (Видео) Протестот пред парламентот на Косово прерасна во судири, полицијата употреби солзавец

    06/10/2026

    Москва тврди дека била нападната со 650 дронови, 105 соборени пред градот

    06/10/2026

    Ќе умреме оваа есен, илјадници жители на украинскиот град Олешки останаа без храна, вода и лекови

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.