Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Крива Паланка поради сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 4 јули годинава осомничените со употреба на физичка сила и алат насилно влегле во службени простории на подружница на правен субјект од Скопје во Крива Паланка.
При тоа, од објектот одзеле пари од дневниот промет, со што предизвикале материјална штета.
По преземените мерки и документирањето на случајот, против двајцата малолетници е поднесена соодветна кривична пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
