Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»„Безбеден град“ наскоро ќе препознава и возачи без кацига, најави министерот Тошковски
    Република

    „Безбеден град“ наскоро ќе препознава и возачи без кацига, најави министерот Тошковски

    03/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го посети фестивалот „Мото Илинден Урбан драјв“, кој до 4 октомври се одржува на паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

    Настанот е посветен на промоција на мотоциклизмот, но и на подигнување на свеста за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

    Тошковски порача дека љубовта кон мотоциклите мора да биде проследена со одговорно однесување и почитување на сообраќајните правила.

    „Кацигата и заштитната опрема, почитувањето на ограничувањето на брзината и сообраќајните правила не се формалност – тие спасуваат животи“, изјави министерот.

    Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во рамки на засилените сообраќајни контроли посебно внимание се посветува на мотоциклистите и возачите на мопеди. Контролите се насочени кон проверка на брзината, поседувањето соодветна возачка дозвола, користењето заштитна кацига и почитувањето на останатите правила.

    Дополнително, системот „Безбеден град“ веќе ги евидентира прекршоците направени од возачи на мотоцикли. Според најавите на Тошковски, со надградбата со вештачка интелигенција системот во иднина ќе може да препознава и случаи кога возачите не користат кацига.

    Министерот информираше и за подобрувањето на безбедносната состојба на патиштата. Според податоците што ги презентираше, во првите девет месеци од годинава во сообраќајот има 33 жртви помалку во однос на истиот период минатата година, што претставува намалување од околу 30 проценти.

    Во истиот период, бројот на повредени лица во сообраќајни незгоди е намален за околу 19 проценти.

    Тошковски оцени дека во овој позитивен тренд се вклучени и сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклисти, додавајќи дека институциите ќе продолжат со мерки за дополнително зголемување на безбедноста во сообраќајот.

    Поврзани вести:

    Студенти бараат студентскиот оброк да се зголеми на 200 денари, министерката вели дека може да биде 147 денари

    Студенти бараат студентскиот оброк да се зголеми на 200 денари, министерката вели дека може да биде 147 денари

    Премиерот Мицкоски не е задоволен од пораките за уставните измени, но очекува напредок

    Премиерот Мицкоски не е задоволен од пораките за уставните измени, но очекува напредок

    Денес се навршуваат 31 година од нападот врз првиот македонски претседател

    Денес се навршуваат 31 година од нападот врз првиот македонски претседател

    Сончево, но студено утро: Температурите и до -2 степени

    Сончево, но студено утро: Температурите и до -2 степени

    Македонија побара средба со Бугарија: Муцунски и Петрова-Чамова ќе разговараат за време на состанокот за Коридорот 8

    Македонија побара средба со Бугарија: Муцунски и Петрова-Чамова ќе разговараат за време на состанокот за Коридорот 8

    Во Кочани отворен Дневен центар за лица со попреченост, поддршка за 12 корисници месечно

    Во Кочани отворен Дневен центар за лица со попреченост, поддршка за 12 корисници месечно

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    мвр панче тошковски сејф сити тошковски
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Уапсен 28-годишник од неготинско, му се заканувал на братот под дејство на алкохол

    03/10/2026

    Студенти бараат студентскиот оброк да се зголеми на 200 денари, министерката вели дека може да биде 147 денари

    03/10/2026

    Премиерот Мицкоски не е задоволен од пораките за уставните измени, но очекува напредок

    03/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.