Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Денес се навршуваат 31 година од нападот врз првиот македонски претседател
    Република

    Денес се навршуваат 31 година од нападот врз првиот македонски претседател

    03/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Денеска се навршуваат 31 година од атентатот врз првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров – еден од најтешките и најнеразјаснетите настани во поновата македонска историја.

    Атентатот беше извршен на 3 октомври 1995 година, околу 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ во Скопје. Во моментот кога службеното возило на Глигоров се движело кон Собранието, била активирана автомобил-бомба поставена во „цитроен ами 8“, во кој биле скриени околу 20 килограми експлозив. Според истрагата, експлозивната направа била активирана со далечински управувач, а непосредно пред експлозијата движењето на колоната било забавено од автомобил „фиќо“.

    Глигоров го преживеа нападот, но се здоби со тешки повреди на главата. На местото на експлозијата загина неговиот возач Александар Спировски, додека телохранителот Илчо Теовски беше тешко повреден.

    Иако истрагата утврди дека станува збор за внимателно испланиран и организиран атентат, ниту по повеќе од три децении не е откриено кој стои зад нападот.

    Во рамки на истрагата беа преземени обемни активности. Беа претресени 30.850 возила, извршени проверки на повеќе од 15.000 објекти, легитимирани над 188.000 лица, а околу 19.000 лица беа и претресени.

    По неколкумесечно лекување, Киро Глигоров на 10 јануари 1996 година се врати на извршувањето на претседателската функција. По завршувањето на вториот мандат во 1999 година, функцијата ја презеде Борис Трајковски.

    Глигоров останува запаметен како првиот претседател на независна Македонија и како политичар кој одигра клучна улога во мирното осамостојување на државата од поранешна Југославија. Почина на 1 јануари 2012 година, на 94-годишна возраст.

    Поврзани вести:

    Сончево, но студено утро: Температурите и до -2 степени

    Сончево, но студено утро: Температурите и до -2 степени

    Македонија побара средба со Бугарија: Муцунски и Петрова-Чамова ќе разговараат за време на состанокот за Коридорот 8

    Македонија побара средба со Бугарија: Муцунски и Петрова-Чамова ќе разговараат за време на состанокот за Коридорот 8

    Во Кочани отворен Дневен центар за лица со попреченост, поддршка за 12 корисници месечно

    Во Кочани отворен Дневен центар за лица со попреченост, поддршка за 12 корисници месечно

    Фон дер Лајен: Македонија припаѓа на масата во ЕУ, следен чекор се уставните измени

    Фон дер Лајен: Македонија припаѓа на масата во ЕУ, следен чекор се уставните измени

    Мицкоски: ЕУ да помогне во создавање услови за европско решение со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ да помогне во создавање услови за европско решение со Бугарија

    Судот му одреди 30-дневен притвор на газдата на „Пулс“ во новата истрага за поткуп

    Судот му одреди 30-дневен притвор на газдата на „Пулс“ во новата истрага за поткуп

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    глигоров киро глигоров претседател
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Сончево, но студено утро: Температурите и до -2 степени

    03/10/2026

    Македонија побара средба со Бугарија: Муцунски и Петрова-Чамова ќе разговараат за време на состанокот за Коридорот 8

    02/10/2026

    Во Кочани отворен Дневен центар за лица со попреченост, поддршка за 12 корисници месечно

    02/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.