Општина Бутел продолжува со активностите за подобрување на комуналната инфраструктура и создавање почиста животна средина за жителите.
Од Општината информираат дека на повеќе локации се поставуваат нови контејнери, со што се зголемуваат местата каде граѓаните ќе можат правилно да го одлагаат отпадот и да се спречи создавање на диви депонии.
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, посочи дека овие активности се дел од заложбите за решавање на секојдневните проблеми на граѓаните и подобрување на изгледот на општината.
„Се зголемуваат бројот и просторот каде што ќе можат нашите граѓани да го фрлаат отпадот и да не се создаваат диви депонии. Го слушаме гласот на нашите граѓани, ги решаваме проблемите и ја менуваме сликата на Општина Бутел“, изјави Костовски.
Од локалната самоуправа велат дека уредувањето на јавните површини и подобрувањето на условите за живот остануваат меѓу приоритетите во работата.
