Сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, со повеќе од еден час задоцнување бил донесен во Кривичниот суд во Скопје, каде што треба да се одлучува по барањето за нов притвор.
Јованов, кој е првоосомничен за трагедијата во Кочани, бил спроведен од затворот во Куманово пред судија на претходна постапка, откако Обвинителството покрена постапка за ново кривично дело.
Според обвинителството, новото сомнение се однесува на давање поткуп за добивање лиценца за работа на дискотеката. Поради тоа, пред истекот на притворот што му беше определен за делото поврзано со тешкото загрозување на безбедноста, се бара повторно да му биде определена мерка притвор.
При спроведувањето во судот, Јованов бил со лисици на рацете, а според присутните, се движел отежнато и со тешкотии се искачувал по скалите.
Претходното рочиште за случајот „Пулс“ беше прекинато откако на Јованов му се слошило, а денеска судот треба да одлучи по новото барање на обвинителството.
