Дел од жителите на скопските општини Кисела Вода и Центар денеска ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода, информираат надлежните претпријатија.
Од ЕВН Македонија соопштија дека поради планирани активности на електродистрибутивната мрежа, без струја од 09:00 до 13:00 часот ќе останат дел од корисниците на улицата „Христо Татарчев“ во општина Кисела Вода.
Во меѓувреме, од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради дефект на затворач со пречник Ф-80 милиметри на улицата „Димитрие Чуповски“ број 24, дел од корисниците на истата улица во општина Центар ќе останат без вода.
Прекинот во водоснабдувањето започна во 08:30 часот и ќе трае до целосно завршување на санацијата на дефектот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
