Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Ревизија откри низа слабости во „Мој Термин“: Недостиг на одржување, кадар и ИТ-заштита
    Република

    Ревизија откри низа слабости во „Мој Термин“: Недостиг на одржување, кадар и ИТ-заштита

    01/10/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Националниот здравствен информатички систем „Мој Термин“ во период од повеќе од пет години функционирал без договор за одржување вкупно 738 дена, односно речиси 38 отсто од анализираниот период, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија.

    Ревизорите утврдиле повеќе проблеми поврзани со управувањето со системот, недостигот на кадар, ИТ-безбедноста, заштитата на медицинските и личните податоци, како и обезбедувањето стабилно функционирање на платформата што се користи во здравствениот сектор.

    За одржување на „Мој Термин“ и останатите информациски системи во јавните здравствени установи, во периодот опфатен со ревизијата биле склучени договори во вредност од 333,3 милиони денари, или околу 5,42 милиони евра. Од овие средства, само девет проценти биле наменети директно за националниот здравствен информатички систем, додека останатите 91 процент се однесувале на други системи во јавното здравство.

    Според ДЗР, договорите за одржување се склучувале на годишна основа, без обезбеден долгорочен континуитет. Дополнително, во анализата не биле вклучени трошоците за апликативните решенија што ги користат матичните лекари и приватните здравствени установи.

    Ревизорите предупредуваат и на ризик од зависност од ограничен број компании, бидејќи 48 проценти од вложувањата во информациските системи кај јавните здравствени установи биле концентрирани кај три софтверски компании.

    Проблеми биле констатирани и со кадровските капацитети во Управата за електронско здравство. Од предвидените работни места биле пополнети само 29 проценти, а дел од потребите се надополнувале преку договори на дело. При тоа, не била изработена функционална анализа за реалните потреби од кадар.

    ДЗР утврдил дека Управата за електронско здравство е задолжена за развој и унапредување на интегрираниот здравствен информатички систем, но нема надлежност да ги спроведува јавните набавки поврзани со „Мој Термин“.

    Ревизијата отвора прашања и околу заштитата на самиот назив на системот. Името „Мој Термин“ не било регистрирано од надлежните институции, туку од економски оператор со кој Министерството за здравство склучува договори за одржување. Во 2024 година операторот го регистрирал називот во Државниот завод за индустриска сопственост и започнал постапка за регистрација на логото.

    Дополнителен проблем е што не постојат воспоставени стандарди за сертификација и одобрување на софтверските решенија што се користат во јавното здравство, ниту механизми за проверка на точноста на внесените податоци.

    При контролите во здравствените установи, ревизорите утврдиле и неправилности во начинот на користење на системот. Во дел од установите немало листи на закажани прегледи, што создава ризик пациенти без уреден термин да добијат предност пред оние кои подолго време чекаат на закажан преглед.

    Анализата на СМС-системот покажала дека во ГОБ „8 Септември“ – Скопје, во првите четири месеци од 2026 година, потсетувачки СМС пораки биле испратени само за 10,1 отсто од реализираните упати.

    ДЗР утврдил и дека во системот „Мој Термин“ не биле внесени податоци за хируршки интервенции од ГОБ „8 Септември“ за периодот од 2021 до 2025 година, иако болницата е меѓу најоптоварените здравствени установи во државата.

    Според ревизијата, ниту листите на чекање за оперативни зафати не ја прикажуваат целосно реалната состојба, бидејќи недостигаат важни податоци, како датумот на упатот и вкупниот број закажани операции.

    Слабости биле утврдени и во контролите што ги спроведува Министерството за здравство. Во 2023 година биле реализирани само 24 од планираните 62 контроли, додека во следните години не биле донесени годишни планови ниту биле спроведени проверки.

    Посебна загриженост во извештајот е изразена за ИТ-безбедноста и заштитата на личните податоци. ДЗР наведува дека не биле воспоставени доволни процедури за управување со корисничките пристапи, следење на активностите во системот и заштита на чувствителните медицински информации.

    Поврзани вести:

    Мицкоски кај Трамп: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

    Мицкоски кај Трамп: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

    Тошковски: Разбиена сериозна организирана криминална група во Прилеп која со години дејствувала во Македонија и во земји од ЕУ

    Тошковски: Разбиена сериозна организирана криминална група во Прилеп која со години дејствувала во Македонија и во земји од ЕУ

    АНБ со акција против пропагандна мрежа: Претрес кај македонски државјанин осомничен за ширење дезинформации

    АНБ со акција против пропагандна мрежа: Претрес кај македонски државјанин осомничен за ширење дезинформации

    Западно-нилската треска зарази 71 лице во Македонија, најголем број случаи во Скопје

    Западно-нилската треска зарази 71 лице во Македонија, најголем број случаи во Скопје

    Новата академска 2026/2027 година започнува со првиот академски час

    Новата академска 2026/2027 година започнува со првиот академски час

    Голема полициска акција против трговија со дрога во повеќе градови низ државата

    Голема полициска акција против трговија со дрога во повеќе градови низ државата

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мицкоски кај Трамп: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

    01/10/2026

    Тошковски: Разбиена сериозна организирана криминална група во Прилеп која со години дејствувала во Македонија и во земји од ЕУ

    01/10/2026

    АНБ со акција против пропагандна мрежа: Претрес кај македонски државјанин осомничен за ширење дезинформации

    01/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.