На прес-конференцијата, потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Каја Шукова, ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје во СДСМ, Таа најави нов модел на управување со градот – професионален, транспарентен и ориентиран кон граѓаните, со фокус на решенија и конкретни проекти.
Шукова најавува и реформи за целосна дигитализација и искоренување на корупцијата, враќање на културниот и урбан дух на Скопје, како и зголемување на безбедноста на улиците, со цел секој граѓанин да се чувствува сигурно и удобно во секој дел од градот.
Програмата, како што рече, ќе се надградува преку средби со граѓаните и стручната јавност, со цел да се создаде реален и остварлив план.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
